Биди хуман сега!

    На децата им е потребна твојата помош. Со твоја донација на сметка директно на болното дете, помагаш да не се згаси барем една детска насмевка, помагаш овие деца да станат некогаш нечии родители.
    Во Македонија има многу болни деца на кои им е потребна помош за да можат да се изборат со тешката болест. Болест која најчесто не може да се победи со лечење во Македонија.

Имаш можност. Покажи ја твојата хуманост! 

Донирај на збирна сметка за сите деца подеднакво:

или донирај директно на детето корисник на фондацијата:

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Јована!

 

Донирај за Јована Буклевска

Денарска: 2400-501-090-09548

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 
собира парични средства за Јована Буклевска  (2016).

 

После раѓањето на Јована, родителите забележале дека двете очи на Јована гледаат директно кон носето. 

Јована воопшто не го пратела со поглед ниту ликот на нејзината мајка, така што страбизмот бил сигнал родителите да ја однесат на прегглед кај лекар офталмолог.

Воспоставена е конечната дијагноза - вродена катаракта и проблеми со нервот на окото.
Во прашање е многу ретко заболување кај децата каде што лекарите тврдат дека генетиката не е причина за ова ретко заболување.

   Доколку не се оперира итно на оваа најмала возраст, окото губи можност некогаш да го развие видот.
Затоа е потребна операција која е закажана во Турција која иако е сложена досега успешноста покажала високи резултати.
   Бидејќи родителите не се во можност да обезбедат средства за лечење на малата Јована, упатуваме апел за помош за собирање на средства да се изврши оваа неопходна операција на малата Јована. Потребно е да се соберат 5000 евра за самата операција и пат. 

На Јована можеме да и помогнеме со уплата на нејзината денарската сметка, како и со платежна картичка директно на нејзината сметка.

Да и помогнеме на Јована да го зачува видот! Да бидеме хумани!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


 За Мики!

 

Донирај за Мики Стојановски

Денарска: 2400-501-090-08772

Девизна: SWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА
собира парични средства за Мики Стојановски (1998).

 

Мики е момче со церебрална парализа од која се зафатени долните екстремитети и левата рака. Поради прогресирање на парализата се појави проблам со држење на главата и искривување долните и горните екстремитети. 

По многубројните физикални терапии во Македонија и во Бугарија, поради слабеење на мускулната маса мораше да прима скапи botoks инјекции секој месец кои во најдобар случај чинат околу 600 евра.

Следеа и 4 оперативни зафати на тетивите и коските на нозете за да се исправат деформациите кои донесоа големо подобрување. Мики сега со помош на родител може да оди но многу малку – потребна е уште една операција. Од многубројните резови раните на кожата тешко заздравуваат, па затоа се препорачува следниот оперативен зафат да се направи со методата Fibrotomija која единствено се врши во Србија – Параќин.

За таквата операција, испитувањата и сместување на родител – придружник, потребни се парични средства во висина од 4000 евра која неговите родители не се во состојба финансиски да ја обезбедат поради целосна финансиска исцрпеност во минатиот период (вработен е само таткото, мајката е невработена и се грижи 24 часа за детето).

Инаку Мики секојдневно го посетува центарот за церебрална парализа во Капиштец, оди во музичка секција, прекрасно пее и игра балет во група со 4 деца (во инвалидска количка) и со други 4 здрави девојчиња во балетското студио Еурека.

Мики е момче со ведар дух и зборува нормално. Финансиите би помогнале да биде осамостоен во животот и да може да се движи сам на сопствените нозе. 
Да се обидеме да му го разубавиме животот и да му дадеме надеж за остварување на неговиот сон. 

 

На Мики можеме да му помогнеме со уплата на неговата денарската сметка, како и со платежна картичка директно на неговата сметка.

Да му помогнеме на Мики да прооди самостојно! Да бидеме хумани!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


 За Марина! 

 

Донирај за Марина Човаковска

Денарска: 2400-501-090-08966

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА 

собира парични средства за Марина (2007).

 

На само шест годинишна возраст таа се разболува од лимфобластна леукемија. Марина е лечена со хемотерапии до мај 2015 год., кога лекарите заклучиле дека е сосема излечена. Меѓутоа, само неколку месеци подоцна, и се констатирани две промени на мозокот и леукемијата се вратила во многу попрогресивен вид.

Нејзината здравствена состојба е исклучително сериозна и лекувањето бара освен хемотерапии, зрачења и трансплантација на коскена срж.

Лекувањето на Марина е возможно само во специјални центри како што е специјалната клиника во Рим, Италија. После остварениот контакт со клиниката  во Рим, семејството одлучило сите сили да ги насочи Марина да ја однесат таму на лекување.

Средствата за заминувањето и за интервенцијата се големи а Марина е особено храбра и мора што побрзо да замине и да започне со лекувањето.

Нејзиното семејство не се во финансиска можност да го обезбедат лекувањето и затоа се обраќаат до сите луѓе со добра волја кои се во можност да помогнат на нивното дете.

Да се обидеме да и помогнеме на неа и нејзините родители за поуспешно да ја остварат нејзината рехабилитација и да и дадеме поголеми шанси за квалитетен животот меѓу нејзините сестри и врсници.

 

На Марина можеме да и помогнеме со уплата на нејзината денарската сметка, како и со платежна картичка директно на нејзината сметка.

Да и помогнеме на Марина за нормално детство! Да бидеме хумани!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Јован! 

Донирај за Јован Гераковски

Денарска: 2400-501-090-09063

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 
собира парични средства за Јован Гераковски (2002г.)

 

Јован е роден како здраво дете. На крајот на основното образование при една настинка, при анализата на крвта забележани се зголемен број на леукоцити. По направените испитувања утврдено е дека боледува од хронична милеоидна леукемија (ХМЛ).

Болеста не го обесхрабрила, свесно и одговорно се носи со знаењето дека е болен и животна водилка му е мислата “Ништо не е неможно, само за неможното е потребно малку повеќе време.”

Јован е насмеан, дружељубив и позитивен. Утехата ја пронаоѓа во музиката, свири гитара и клавир. Во текот на лечењето откриена му е мутација која нужно бара воведување на нов лек кој треба да се зема во 3 дози а една доза чини 4.000 евра.

Јован се надева дека со земањето на овој лек би можел да избегне трансплантација на коскена срж. Желбата да патува низ светот, да биде успешен, да го работи тоа што го сака и покрај него секогаш да биде неговото семејство и најдобрите другари – се причина да не дозволи да победи леукемијата.

Неговото семејство не се во финансиска можност да го обезбедат тој лек и затоа се обраќаат до сите луѓе со добра волја кои се во можност да помогнат на нивното дете.

Да се обидеме да му помогнеме на Јован и неговите родители за поуспешно да се справат со неговата болест и да му дадеме поголеми шанси за самостојност во животот меѓу неговите врсници.

 

На Јован можеме да му помогнеме со уплата на неговата денарската сметка, како и со платежна картичка директно на неговата сметка.

Да му помогнеме на Јован за нормален живот! Да бидеме хумани!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Стефан! 

Донирај за Стефан Панески

Денарска: 2400-501-090-09160

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 

собира парични средства за Стефан (2011)

 

Стефан боледува од  спинална мускулна атрофија, тип два.

Кога бил на возраст од година и пол болеста почнала да се појавува. Послабо одел, многу брзо се заморувал, во сон рачињата му биле згрчени, ја фрлал главата, и се потешко станувал од чучната положба.

Следната година ја поминал на разни испитувања, додека родителите не испратиле крв на генетско испитување. Тогаш е констатирана спинална мускулна атрофија, тип 2.

Со постојани вежби и со рехабилитации Стефан се уште се движи, ментално е здрав и говорот му е сочуван. Иако неговата болест е неизлечива, постои лек  кој го забавува напредокот на неговата болест.

Неговото семејството нема финансиски средства за набавка на лекот и затоа се обраќаат до сите луѓе со добра волја кои се во можност да помогнат на нивното дете.

Да се обидеме да му помогнеме на Стефан и да му дадеме поголеми шанси за квалитетен животот меѓу неговите врсници.

 

На Стефан можеме да му помогнеме со уплата на неговата денарската сметка, како и со платежна картичка директно на неговата сметка.

Да му помогнеме на Стефан за нормално детство! Да бидеме хумани!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Ерина!

 

Донирај за Ерина Шабани

Денарска: 2400-501-090-09451

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 

собира парични средства за Ерина Шабани (2012).

 

Ерина  е дете кое од самото раѓање има проблеми со одењето. На почетокот родителите сметале дека детето на подоцнежна возраст ќе прооди.

Ерина со придржување од родителите покажувала знаци дека може да оди но тоа никогаш не се случило.

На преглед е дијагностицирано неразвиеност на пателата на двете колена за кое е потребна операција  на двете нозе. Прогнозите се оптимистични дека потоа ќе може сама нормално да оди. Посочено е дека сега е краен момент во развојот на Ерина да се направат операциите.

 

Родителите немаат средства да ги покријат трошоците за неопходните операции. Двајцата се невработени – таткото оди неколку пати годишно на привремена работа во странство но тие средства едвај стигаат само да се прехрани семејството – немаат средства ни за пристојна количка, сеуште ја шетаат во количка за бебе.

   
Операцијата успешно може да се изврши во клиника во Белград на двете нозе за што се потребни 14.000 евра.

Да помогнеме Ерина да оди самостојно, да игра и да продолжи нормално со својот живот како и нејзините другарчиња.

 

На Ерина можеме да и помогнеме со уплата на нејзината денарската сметка, како и со платежна картичка директно на нејзината сметка.

Да и помогнеме на Ерина за нормално детство!  Да бидеме хумани!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Ана! 

Донирај за Ана Пантовска

Денарска: 2400-501-090-09645

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 

собира парични средства за Ана Пантовска (2012).

 

Ана е едно храбро, разиграно и насмеано девојче, кое во септември требаше да тргне на училиште во прво одделение. Наместо да се бори со букви и бројки, таа веќе две години секојдневно се среќава со игли, трансфузии, силни и мачни терапии.

Ова храбро девојче стоички го поднесе сознанието дека боледува од акутна леукемија Ph+, стоички го поднесе и тоа дека училиштето ќе го замени со болниците, а другарките со медицински сестри и доктори... Потребен е третман со матични клетки за кои нејзините родители немаат средства и упатуваат апел за помош.

Со заеднички сили може да и помогнеме на Ана да ја победи леукемијата и да оди на трансплантација на коскената срцевина.

 

На Ана можеме да и помогнеме со уплата на нејзината денарската сметка, како и со платежна картичка директно на нејзината сметка.

Да бидеме хумани! Да и помогнеме на Ана!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Адријан!

Донирај за Адријан Адили

Денарска: 2400-501-090-09742

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 

собира парични средства за Адријан Адили (2013).

 

Адријан имал крварење во мозокот и други повреди кои ги добил при породувањето, добил и спазам на екстремитетите.


Адријан трпи секојдневни силни грчеви во рацете и во нозете и заостанува во психосоматскиот развој.

 

Досегашните терапии на кои беше малиот Адријан не се со успех и единствено решение се специјални третмани кои се применуваат во странство.

Неговото лекување е многу скапо и затоа неговите родители молат за помош за да може Адријан рамноправно да си поигра со својата сестричка и постар брат.


Да му помогнеме на малиот Адријан со уплата на неговата денарската сметка, како и со платежна картичка директно на неговата сметка.

За нас малку - многу за детството на Адријан!

Медиумски Амбасадори:

  • image
  • image
  • image
  • image

Собрани донации
збирно за сите

Последни уплати

ДОНИРАЈ

на сметка на Фондацијата, збирно распределени средства на секое дете подеднакво;

Уни Банка - Скопје Денарска сметка: 2400-501-075-12353

Девизна сметка: IBAN: MK07240050107512353 SWIFT: UIBMMK22XXX

Секоја уплата на збирна сметка на Фондацијата или поединечно на секој Корисник, ќе биде прикажана на сајтот по прокнижување во банката.

Работно време пон-петок од 08 до 16 часот

Адреса: ул. Анкарска бр.21/29 1000 Скопје
телефон: 02/614 – 5525
e-mail: dopirmk@gmail.com

Хуманитарна Фондација ДОПИР

БИДИ ХУМАН СЕГА

Денарска ж-ска на Фондацијата: UNIBANKA 2400-501- 075-12353
Девизна ж-ска на Фондацијата: UNIBANK SWIFT: UIBMMK22XXX
IBAN: MK07240050107512353

Институт Алтернатива